Следи го настанот
3 дневен Богомилски марш – организиран од пск Бистра на кој учество зема и I love hiking – group Macedonia
Маршот е за проверка на силите за трансверзалите што следат, за турите на Алпи и останати добри трекинг патешествија кој допрва доаѓаат. ( за добра психифизичка подготвеност и да имате за што да зборите 🙂 )
Маршот изнесува нешто околу 50 км со тоа што ако земете такси од Богомила .до с.Папрадиште.
Ако тој пат го изодите пешки тогаш е некаде блиску 70 км.
Програма:
На ден 22 Април во 14:30 часот трга возот од Железничка станица – Скопје за Богомила цена на билет некаде 180-200 ден. ( поточно инфо подоцна ) (има воз и подоцна)
Од Богомила до с.Папрадиште ( опција имаме или пешки или такси ) . Таксито е 250 ден – 300ден
Од селото Папрадиште до планинарски дом Чеплес патот е 4.1 км . ( Ден први )
Спиење во пд.Чеплес изнесува 200 ден.
Станување рано и од пд.Чеплес преку врвот Солунска Глава 2540 мнв – бегово поле – “рамница” од 3 саата се пристигнува до пд.Караџица во касно попладневните часови. Спиење во домот Караџица е 150 или 200 ден ( ќе се информираме ) (Сами си плаќате)
( Ден втори )
Од пд.Караџица преку с.Алдинци – Марков Манастир каде има мало закрепнување пристигнуваме на Водно каде за учесниците пск.Бистра обезбедува бесплатен ручек
( Ден трети )
ОБАВЕЗНО е пријавување за регулирање на местата за спиење. Пријавување трае дур не се пополнатат местата.
Пријавување И информации кај :
Алекс (070-382 751)
Хари (077-743 599)
Дејан ( 071-212 808)
Исхрана:
Исхраната е од ранец.
Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
skimacedonia

