Следи го настанот
Ски клубот Пелистер од Битола организира еко акција за расчистување на ски стазата во ски центарот Копанки пред престојната скијачка сезона ⛷⛷⛷.
Основна цел е подигнување на свеста за заштита на Национален парк Пелистер. Настанот е промотивно чистење на стазата на Ски Центарот Копанки пред почеток на новата зимска сезона 2017/2018 година. На самиот настан ќе биде потпишан и Меморандум за соработка помеѓу нашиот Ски клуб Пелистер и Елем Турс кој ќе ги постави принципите за натамошната соработка, а со цел промоција на скијањето на Пелистер.
skimacedonia
