Општина Крушево ги позајми на користење елементите за снежен парк во ски центарот Копанки. Па така посетителите во рамките на горниот дел од стазата на Пелистер, ќе можат да се забавуваат и да вежбаат акробации со цел да ги подобруваат своите вештини. Покрај тоа добрите услови на ски терените придонесоа ски клубот Пелистер од Битола своите тренинзи со најмладите членови да ги реализира на домашен терен. Еден од членовите Ева Милевска во категорија за деца U12 го освои првото место на натпреварот во Маврово минатиот викенд организиран од ски клубот Меденица од Скопје