Hirscher ѕвездата на aвстриската гордост во алпско скијање се повлекува

Marcel Hirscher, the end of an era1

Последнава декада ѕвездата на aвстриската репрезентација во Алпско скијање, Hirscher го состави најдоброто резиме во историјата на спортот со рекордни осум титули од Светскиот Куп (во генерален пласман, едноподруго) како и Светска титула во слалом , велеслалом и супер комбинација заедно со двете Олимписки злата. Hirscher го обелодени своето повлекување од спортот во средата после цела недела најави и насловни страни во спортскиот печат за објавената прес конференцијата. “Ова веќе не е големо изненадување” изјави Hirscher со своите осум кристални глобуси во позадина, што ги означуваат титулите во генерален пласман.

“Последните две недели ми беа турбулентни , но многу јасно чуствувам што сакам и за тоа имам повеќе причини. Сега сум во пикот на кариерата, а моето тело е уморно после 12 сезони. Ова беше пресуден аргумент и желбата да заминам како победник и шампион.”

На свои 30 години Hirscher заминува од врвот на спортот после уште една успешна сезона. Hirscher се повлекува после освоена титула од Светскиот Куп плус сезонски титули во слалом и велеслалом. Победи на девет трки минатата сезона (само Mikaela Shiffrin победи на повеќе трки) со што стаса до вкупно 67 победи од Светскиот Куп во својата кариера.

“Отсекогаш сакав да се повлечам во момент кога знам дека можам уште да победувам на трки и да сум се уште здрав. Дури и во 2013г по освојување на првиот шампионат помислив дека е добро време да престанам. Нема ништо подобро, но сепак продолжив.”

Не го стигна рекордот од 86, победи на Ingemar Stenmark, кој исто така го бркаше до неодамна и Lindsey Vonn која многу ризикуваше но ја заврши кариерата со 82 победи. Таа е четири години постара од него. Hirscher, технички специјалист со пократка листа на повреди од тркачката Vonn, успеа да стигне до девет победи во просек по сезона за последните 5 години. Со вакво темпо ќе го совлада рекордот на Stenmark дури пред 2022 Beijing Winter Games. Сепак, донесе одлука која е ретка за ваков спортист, а тоа е да се повлече додека е на врвот, со што ја пропушта шансата да стане најдобриот на сите времиња (барем статистички гледано). Иако многумина ќе го истакнат неговиот осумкратен успех, освојувач на круната најдобар скијач што е доволен аргумент за тоа (нешто слично како шесте прстени на MJ). Но не е толкаво изнендување оваа вест бидејќи Hirscher и лани најави прерана пензија. Сепак претпоставките беа дека ќе продолжи бидејќи е здрав и во најдобри години и во континуирана форма. Hirscher, чии родители се ски инструктори ја достигна славата во Австрија на ниво на еден Tom Brady од U.S. Но изјави во пресрет на олимписката 2018 сезона дека тешко е да се носиш со притисокот од пресот , бидејќи доколку заврши на второ место за Австријскиот прес ќе биде рамно на дебакл. Надвор од сезоната преферира мотокрос , кајак и алпинизам . Одлуката ја носи речиси една година по раѓањето на неговото синче.“Едноставно верувам дека бев многу среќен како спортист и после толку години можам да си одам дома без трајни последици,” изјави во средата. “За мене е важен моментот да можам да играм фудбал со моето синче и да се качувам на карпи што не ќе можев да го правам доколку претрпам посериозни повреди.” Hirscher, се повлекува задоволен со два Олиписки златни медали освоени во PyeongChang за крај на една совршена кариера. Hirscher одговори и на прашањето дека за негови наследници ги смета Henrik Kristoffersen од Норвешка и Аlexis Pinturault од Франција кои му беа ривали во слалом и велеслалом.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки