Жичарата на Водно со зголемени приходи од година во година

Vodno view (6)

Жичарата на Водно се поатрактивна, JСП Скопје со жичарата реализира зголемени приходи од година во година. Во првите шест месеци од 2019 година, 170.975 патници се возеле со жичара, или 38.940 патници повеќе во однос на минатата 2018 година кога за истиот период биле продадени 132.035 билети.

Извештајот за остварениот приход од работењето на жичарата за првата половина од 2018 година е 5.819.000 денари, а за првите шест месеци од 2019 година, 7.528.000 денари или 1.709.000 денари повеќе од минатата.

Доколку жичарата би била комплетно реализирана според проектот, поаѓање од самиот град Скопје, приходите би биле најмалку двојно поголеми, а секако и сообраќајот со моторни возила би бил сведен на минимум. Жичарата преставува лендмарк на градот и е задолжителна туристичка точка за бројни странски посетители.
Vodno view (5)
skijanje-francija-nehar-travel-2020
fischer_sportbike_banner

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки