На тема планини и аутдор активности, превземено интервју со писателката Џули Елисон (Julie Ellison), постар уредник во магазинот “Climbing”, којa кажува зошто мисли дека е толку кул, жените да бидaт присутни на планините и длабоко во дивина, како и за континуитетот во растечката популација на “високо адреналински девојки”.
Oтсекогаш бев скептична во врска со идејата за женската моќ во планините. Морам да признаам дека ми се допаѓа идејата за убави жени некаде во планините, се идентификувам со спортскиот стил и “машкото” во групата. До ден денес неможам да ја разберам целата фама околу дотерувањата, шопинзи, шминкање и обсесии со облека. Спремањето за мене значи облекување на најмалку стутканата маица од подот и фармерките што ги носев вчера.
Секогаш кога станувало збор за дружење надвор во природа на отворено, не било важно дали се рекреирам со мажи или жени. Генерално сум сакала да се дружам со лежерни луѓе без оглед дали се машки или женски. Дополнително, ситуацијата била секогаш против нас женските како пол, соодносот во качување по карпи бил секогаш околу 5 маж на една жена, па шансите биле големи да имаш машки партнер за качување. Кај снежните спортови статистиката е малку подобра. Статистиките во Америка покажуваат дека во сезоната 2012/2013, 60% од алпските скијачи, а 67% од сноубордерите биле мажи.
Сега кога сум постара и имам поминато повеќе време на отворено, ги имам искусено од прва рака натпреварите водени од егото за покажување и докажување кои се случуваат помеѓу машките без никаква добра причина.
Ја се вклучувам целосно во движењето “сите жени по планините”, бидејќи реално планинарките се ебано добри и интересни. За тон жени кои се опседнати само со убави лица ова е совршено време да се биде “badass” женски авантурист.
Очекувањата се да биде подобро во оваа област, бидејќи само последниот месец беа направени големи ветувања за жените од страна на некои големи бизниси. Џери Страјк извршниот директор и претседател на REI (Recreational Equipment Inc) најави донација од 1,5 милиони долари на Outdoor Industries Women’s Coalition за однапред да им помогне на женското лидерство во природа. Во исто време претседателот Барак Обама во годишното обраќање до нацијата говореше дека сака напредокот на жените на работните места да биде приоритет во остатокот од неговиот мандат.
Да појасниме, ќе има повеќе жени кои ќе бидат со лидерски позиции во природа на отворено. На пример извршни директори на брендови кои се занимаваат со спортови на отворено, IFGMA сертифицирани водичи, едукатори за безбедност итн. Повеќе жени ќе носат одлуки, што значи повеќе жени ќе се борат за погодете кој? За жените! Само замислете: Ние жените по планините, ќе бидеме исто така од оние кои се надлежни-oдговорни!
Затоа замислете ја вашата омилена, стравопочитна и инспиративна жена која во природа е со голема одговорност. Размислете за нејзините квалитети и зошто и се восхитувате. Дали е:
1. Цврста
Може да се справи со 14 часа на денот во соборување на единечна патека со повредени и болни раце по пукнатини– низ карпите.
2. Без голема возбуда што ќе се извалка
Вие сте нервозни што не сте се истуширале 14 часа, но сфаќате дека таа поминала над 15 часа. Нејзиниот стил секогаш вклучува некој вид на капа но тоа е само за да ја затскрие неизмиената коса. Таа е добро упатена во тоа како да се одржува на планина.
3. Тотален “badass”
Не можете, а да не се восхитувате на работите кои таа ги постигнала во природа. Таа качува 15 алпски рути, 15 км пат, качува големи карпи и пие ладно пиво побрзо од било кој. Нејзиниот инстаграм изгледа како визуелна листа на работи, кои авантурист треба да ги направи во текот на својот живот.
4. Абсурдно добра, внимателна и великодушна?
Секогаш е прва да ве расположи, да ве мотивира кога сакате да се откажете. Кога ќе останете без храна на долга стрминина пред вас, да ви ја фрла нејзината последна храна без да ве праша. Секогаш подготвена да го сподели оброкот, топлиот шатор па дури и последното пиво.
5. Љубител на животни, бранител на природата, зависник од добро здравје?
Ова значи дека се грижи за живите суштества, планетата, нејзиното тело и памет. Таа е дел од решението, не од проблемот. Ја разбира и има силна контрола на клучевите за среќата.
6. Безстрашна, храбра?
Доаѓа прва, моли за остра вертикала и навидум не знае за страв но тоа не значи дека е нелогична. Со нејзиното искуство и знаење асистира на секого во групата, ја проверува масата на снегот,подлогата и степенот на неговата цврстина. Но ако нешто е надвор од нејзините можности, таа е доволно паметна да се повлече дури и ако тоа значи жртвување и откажување од врвот.
Се обложувам во мојата сакана дивина дека вашата избрана замислена жена-планинарка има повеќе ако не и сите од овие квалитети. Без разлика дали е таа ваш најдобар другар, вашиот омилен авантуристички партнер или само некој на кој се огледувате, таа е дефинитивно тип на жена која ние сите би сакале да биде главна и да ги носи одлуките.
Извор: Teton Gravity
skimacedonia








