Ски центарот Заре Лазаревски – Маврово уште минатата недела најави, а денес и официјално извести дека ја затвора сезоната 2015. Иако на Бистра во горните делови има снег, истиот е со лош квалитет, а топлото време и дождот како и недоволниот интерес се причина центарот да не биде повеќе активен.
Оваа сезона на Маврово беше прилично активна, а центарот се погрижи низ повеќе акции да ги анимира и привлече туристите и скијачите со бројни настани од натпреварувачки, спортски и забавен карактер што секако е пример плус кој треба да го следат и другите центри во Македонија.
Слични потези и најави околу затворање има и за ски центрите Попова Шапка и Копанки но сеуште нема официјални информации.
skimacedonia



