Започна и сезоната на зимски спортови на Eurosport

Добро познатиот Eurosport е водечки европски канал за сите зимски спортови и во престојната сезона на овој канал ќе може да следите 12 спортови на кои Eurosport ќе им посвети над 2000 часови програма, од кои 800 часови реализирани во живо.eurosport-alpine-skiing

Преку овој канал може да ги следите натпреварите од новата сезона која носи осум светски купови, четиринаесет првенства и пет шампионати. Од ноември, освојувачот на Кристалниот глобус и светскиот Супер-Г шампионат Швајцарецот Дидие Куш ќе ги анализира најважните моменти во алпското скијање.

eurosport-ski-jumping

На тимот експерти на Еуроспорт ќе им се придружи и ѕвездата на ски скоковите Германецот Мартин Шмит кој од свој агол ќе ги коментира настаните од турнејата четири скокалници.

Натпреварите од Светскиот куп во алпско скијање во Золден, Австрија се локацијата од која традиционално започнуваат и преносите од ФИС натпреварите.

 

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки