На 20 и 21 Март се одржа Државното првенство во паралелен велеслалом и слалом во Банско, Бугарија. Македонија имаше свои претставници преку клубот XMKD, кои забележаа одлични резултати во конкуренција на силниот бугарски национален тим. Имено, Сања Спасовска освои 4то место во паралел велеслалом и 5то место во паралел слалом. Тоа и донесе доволно ФИС бодови за влез во Светски Куп наредната сезона.
![]()

Александар Кацарски ги освои 8то и 13то место во паралел велеслалом односно паралел слалом, и исто така обезбеди норма за Светски Куп. Томас Дебаловски освои 19 и 20 место во ПВ и ПС додека Горјан Кавраков освои 20 и 22 место, во ПВ и ПС. Со оваа трка всушност и заврши натпреварувачката сезона 17/18 за XMKD која беше исклучително успешна за клубот и во која се покажаа во одлично светло на Европската сноуборд сцена. Сега ги очекува напорно лето во кое ќе се подготвуваат за новата уште посилна сезона во Светскиот Куп.
skimacedonia


