World Ski Awards™ е глобална иницијатива за препознавање и наградување на најдобрите во ски туризмот. Настан кој на едно место ги собира светските лидери од оваа индустрија, место каде што се споделуваат најдобрите практики, иновации и знаења поврзани со ски туризмот.
Гласањето за тоа кој е најдобар може да го направи секој корисник, правно или физичко лице. Гласањето започна неодамна од 2 јуни, ќе трае 16 недели, а победниците ќе бидат објавени на собирот во Кицбил, Австрија од 17-19 Ноември 2017.
Македонските ски центри и хотели не се номинирани како дел од оваа конкуренција, но вашиот придонес кон подобар ски туризам и потенцијална позитивна рефлексија од тоа, можете да го направите на овој линк World Ski Awards™.
skimacedonia
