Втор Цевитана Алпски Куп 2019

50392807_vtor cevitana alpski kup

Следи настан

ВТОР ЦЕВИТАНА АЛПСКИ КУП 2019

Локација: Ски центар Маврово – Галички лифт, 03 Февруари 2019 год.
Дисциплина: Велеслалом
Технички организатор: Алпски скијачки клуб СКАДИ Скопје (АСК СКАДИ)
——————————————————————————————
Почитувани скијачи, спортисти и љубители на белите спортови, Ве каниме на уште еден голем натпревар организиран од нашиот клуб СКАДИ. Повелете сите заинтересирани, ќе ни биде драго да скијаме, да се дружиме, да се пробаме и натпреваруваме, да освоиме победи и да ги наградиме најдобрите со медали, пехари и подароци од нашите спонзори. Спремаме и други изненадувања, бидете таму!
Програма:
– 09:30 оглед на стаза
– 10:00 почеток на натпревар
– Прогласување на победници и доделување на награди
(пехари за првите три места, медали, дипломи и награди) 60 мин. по завршување на натпреварот.
Стартнина, пријавување: 250 денари
Категории:
Кат.У8 2011 – 2012
Кат. У10 2009 – 2010
Кат У12 2007 – 2008
Кат. У14 2005 – 2006
Кат. У16 2003 – 2004
Рок на доставување на пријави: 01.02.2019 до 18:00 часот!

4-6 Февруари 2019 година, ФИС Детска трка – Меѓународен натпревари во слалом и велеслалом за деца У14 и У16
Распоред:
– 4 февруари 2019, состанок на екипи и извлекување на стартен распоред
– 5 февруари 2019 натпревари во слалом
– 6 февруари 2019 натпревари во велеслалом

Пријавувањето на сите учесници молиме да го направите на e-mail askskadi@askskadi.mk
Доколку имате повеќе прашања слободно контактирајте не на 070 32 71 72 , Александар Атанасовски-Чаве

Напомена: Сите учесници – натпреварувачи задолжително треба да се натпреваруваат со заштитна кацига.

Ве очекуваме на снежната Бистра!

 

50938166_alpski klub skadi vtor cevitana kup ski federacija skopje

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки