Вргањ Плус – Планинарење во зоната на Јелак

14543821_jelak-leshnica-shar-planina

Следи го настанот

На 09.10.2016 год. (недела) ДПС Трансверзалец организира еднодневни планинарски акции за рекреативци и за планинари.

Рекреативна патека во категорија Лесни акции

Планинарска патека Вргањ со можност за искачување на Јелачки Црн Врв(1.890 мнв). Акцијата започнува од планинарскиот дом „Смрека“ (1.800мнв) на Попова Шапка. Патеката е со движење од вкупно 4 часа.

Планинарска патека во категорија Средно тешки акции

Акцијата започнува од планинарскиот дом „Смрека“ (1.800мнв) на Попова Шапка преку бандерите на пределот Јелак кој излегува на широкиот, земјен колски пат за Лешница и се движи преку Церипашински Бачила се до седлото на Горна Лешница. Од тука постои можност да се искачи на врвот Плат (2.398мнв), тоа еопционален избор. За оние кои не сакаат да с еискачат на Плат патеката продолжува до Горна Лешница и преку Мечкина Ливада преминува на патеката Вргањ Плус.

Вргањ Плус е патека која поминува во долот на реката Церипашина (Чарк) под пределот Брезов Камен по карпест и каменест терен низ букова шума, преку густата зимзелена гора на пределот на Јелак и потоа излегува на Шипковички бачилата се до планинарскиот дом „Смрека“ (1.800мнв).
Вкупно времетраење на турата е од 8 до 9 часа.

Поаѓањето од Скопје со превозни средства (минибус) е во 6 часот од пред Пошта – Железничка станица.

Учесниците да понесат вода, храна, облека и се што е потребно за еднодневна планинарска тура согласно временската прогноза. По можност планинарски стапчиња и разгазени планинарски чевли.

Напоменуваме дека планинарите што ќе земаат учество треба да се психофизички подготвени и здрави и секој учествува во акцијата на сопствена одговорност.

Цена на акцијата 400 ден.
Пријавување и уплата најдоцна до 07.10.2016 (петок)

Доколку има интерес за преноќување во планарскиот дом Смрека за време на викендот и прстојниот празник 11 Октомври, спиење е 250 ден. За повеќедневен престој треба да се најавите навремено.

Информации за акцијата : Зоран Костадинов 070/641 – 998

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки