Vonn и скубна на Goggia за трета победа во сезоната

117786_G08_W01 fis

Vonn и скубна на Goggia за трета победа во сезоната

 FIS Алпско Скијање Светски Куп – Жени Алпски Спуст – Garmisch-Partenkirchen, Германија – Lindsey Vonn слави.

 

 

Американката Lindsey Vonn  потврди благовремено дека ќе биде вистинска сила на Олимписките игри во Pyeongchang  со која ќе треба да се справат противниците, и со победата вчера на спустот во Garmisch дојде до вкупно 80-та победа на Светскиот Куп во кариерата.

Четирикратниот севкупен победник на Светскиот Куп за само 2 стотинки и побегна на италијанката Sofia Goggia, за трета победа во сезонава на Светскиот Куп. Додека Cornelia Huetter од Австрија заврши трета со 0.13 секунди заостанување зад Vonn.

Ова беше втора победа едно подруго во спуст за 33-годишната Американка – носител на златен медал во спуст од Олимписките Игри во Vancouver во 2010г – после спустот во Cortina пред две недели. И овој пат на подиумот ги видовме прегрнати заедно со Goggia.

Сонародничката на Vonn, Jacqueline Wiles (25г) по непријатното излетување беше пренесена директно во болница со хеликоптер, откако претрпе сериозни повреди на ногата и со тоа ќе ги пропушти Олимписките игри. Ова е голема загуба за тимот на САД во Алпско скијање бидејќи Wiles покажа ветувачки резултати сезонава.

Овој спуст беше специфичен бидејќи поради лошото време беа откажани тренинзите во Четврток и Петок. Сепак бидејќи спустот не се одржува без одржан тренинг, организаторите на трката закажаа загревачка сесија во Саботата наутро со само една финална трка.

Mikaela Shiffrin, која не се натпреваруваше е сеуште лидер во генералниот пласман на Светскиот Куп. Goggia пек се уште го предводи поредокот во спуст со 349, само 43 пред Vonn и 51 пред Tina Weirather.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки