Во ValThorens и македонски репрезентативци на FIS Boardercross трка

Оваа година, за прв пат  кај Македонската Ски Федерација доаѓа до интерес за формирање на две нови селекции и тоа Сноубоард Крос (Александар Кацарски, Горјан Кавраков, Томас Дебаловски и Сања Спасовска) и Фристајл во дисциплина Скикрос (Домника Пановска, Леон Огненовски и Мики Саздовски).

sbx-5-valthorens-xmkd-club
Александар Кацарски, Val Thorens FIS Boardercross

Благодарение на XMKD Сноуборд Клубот кој во последните 10 години се занимава со овие две олимписки дисциплини, Македонија се здоби со две национални селекции, кои од 10-17 Декември заминаа на глечер во Вал Торенс – Франција, каде имаа одлични подготовки на специјална направената стаза за овие дисциплини. Покрај тренингот на крајот од кампот имаше и две натпреварувања во сноуборд крос и тоа во рангот на Европски Куп. Нашите натпреварувачи и покрај тежината на патеката и големите скокови успеаја да ја завршат трката, што претставува одличен старт во новите ски дисциплини, а од 60 натпреварувачи, најдобро пласиран Македонец беше Александар Кацарски со освоено 53 место.

Следниот камп е повторно во Вал Торенс во период од 7-14 Јануари, каде што покрај тренингот, овој пат ќе има 2 натпреварувања во ски крос каде што настапат нашите претставници од Фрестајл екипата. ”

Домника Пановска

sbx-1-valthorens-xmkd-club
Сања Спасовска, Горјан Кавраков, Домника Пановска, Александар Кацарски, Томас Дебаловски

sbx-2-valthorens-xmkd-club sbx-3-valthorens-xmkd-club sbx-valthorens-xmkd-club

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки