Во светот на скијањето жените заработуваат повеќе од мажите веќе две сезони по ред. Можеби борбата за поголема еднаквост не е толку подобрена, колку што е веројатно поголем интересот на спонзорите заедно со публиката да гравитираат околу поубавата половина.
Во време кога жените се борат за еднакви плати во професиите ширум светот, врвните светски скијачки од светот на алпското скијање ги надминаа своите машки колеги втора сезона по ред благодарение на еднакво минимална парична награда понудена на сите Audi FIS Alpine настани од Светското првенство. Иако на индивидуалните организатори на трките им е дозволено да понудат повеќе од минимум, секако ако имаат кеш за да го сторат тоа, за обете женски и машки трки располагаат со буџет од најмалку 120’000 CHF (швајцарски франци) резервирани за првите 30 финалисти во секоја трка.
Во сезоната 2017/18, сите освен еднам, 18 од првите дами ги надминале мажите во заработка по еквивалентно рангирање на листата на наградни суми. Првите 13 дами го постигнаа истиот подвиг и во сезоната 2016/17, вклучувајќи ја и американската ѕвезда Микаела Шифрин, која заработи повеќе пари дури и од Марсел Хиршер за последните две сезони.
“Мислам дека фактот што оваа година освоив повеќе пари од сите спортисти – женски и машки, значи дека, иако се уште постои голема борба за елиминирање на родовата предрасуда и нееднаквост на работното место, сепак се постигнува напредок” изјави Шифрин.
Особено кога ќе се спореди со еден од најсилните машки скијачи на оваа генерација (Марсел Хиршер), а имала прилично еднаков успех како Марсел оваа година.
Шифрин успеала да заработи вкупно 702.774,88 CHF, делумно поради нејзините претстави на подиумот на местата на женската турнеја, која исплатила повеќе од минимумот, вклучувајќи ги Куршевел, Лиенц и Флахау. Флахау беше најплатената трка во женското коло на 194’054.76 CHF, со повеќе од 39’000 кои отидоа кај Шифрин на конто како победник. Бад Клеинкирххајм, исто така, ги надмина минималните парични награди за женската турнеја за вкупно четири места и седум трки кои се исплаќаат повисоко од потребното.
Студија на BBC Sport за 2017 година откри дека од 44 професионални спортови од кошарка до бадминтон, а вклучуваат велосипедизам, фудбал, голф и тенис, 20 проценти сè уште не успеваат да понудат паритет во паричната награда. Спорт со највисоки буџети имаат тенденција да ги покажат најголемите несогласувања, иако пример четирите Гренд-слем во тенисот се исплаќаат подеднакво на двата пола, а Вимблдон е последниот што го направил тоа од 2007 година.
“Многу ми е јасно дека истата работа и одговорности треба да се вреднуваат исто” изјави Атл Скардал, директор на ФИС во Светскиот куп, Жени. “Нашите натпревари во женската турнеја се подеднакво тешки и ги привлекуваат истите, ако не и повеќе гледачи во некои случаи, па затоа е од суштинско значење дека женското алпинско скијање нуди еднаква награда за она што се прави на машките трки”.
Нина Хаве Лосет од Норвешка заработи повеќе од својот колега со еквивалентно рангирање на листата на парични награди во изминатите три години трчање, во просек 106’175 CHF секоја зима. Таа го наведува паритетот во паричната награда како една од причините поради која беше мотивирана и способна да се развие во професионален спортист. “Гледајќи дека жените заработуваат фер и доволно за живеење во трки за скијање, ми помогнаа да го задржам мојот интерес во овој спорт и да станам професионалец”
“Како женски спортист, добро е чувството да се знае дека паричната награда е еднаква како кај мажите. Би било нефер поинаку, и јас сум горда на тоа каде е нашиот спорт кога станува збор за почитување на машкото и женско скијање. Сега сме 2018та, и малку е тажно да се види дека во некои други спортови јазот меѓу мажите и жените се уште е премногу голем кога станува збор за наградата и заработката “.
skimacedonia


