Процесот на продажба на Елан се ближи до крајот, а веќе овие денови истекува рокот за доставување на обврзувачките пониди. За превземање на произведувачот на скии, според информациите на словенски Финанце се интересира германскиот инвестициски фонд Адкурам, кој се занимава со превземање на проблематични компании и бизнис преструктуирање. Во последните десет години, германскиот фонд презеде шест компании од различни индистрии, кои заедно остваруваат вкупно 700 милиони евра годишни приходи и вработуваат околу 3.000 луѓе.
Претседателот на управниот одбор и еден од основачите е Томас Пробст, а кои се останатите сопственици не е познато. Германците наводно неодамна дали необврзувачка понуда, која според некои извори е поголема од другите понудувачи.