Владата бара партнер хеликоптерски оператор за медицинска помош во итни ситуации

img_southern-heliski

Владата објави јавниот повик со кој бара хеликоптерски оператор за медицинска помош во итни ситуации, за договорот нуди девет милиони евра.

Во огласот во Службен весник бара оператор за воспоставување јавно-приватно партнерство за „формирање модерна современа организација како ефикасен носител на хеликоптерски итен медицински систем (ХЕМС) и хеликоптерски услуги за пребарување и спасување (САР).

Целта на овој проект, подобрување на животниот стандард и безбедност нa граѓаните на Република Македонија и сите нејзини посетители, намалување на смртноста на лицата кои се жртви на несреќи, подобрени клинички резултати за сериозно повредените, намалено време на транспорт до болница, лекување од страна на специјализирана медицинска екипа на самото место, подобрена достапност на здравствените услуги на високо ниво до поголем дел од населението.

Од друга страна пак, приватниот партнер ќе треба да плаќа за логистиката, а ќе се избере оној кој ќе даде економски најповолна понуда односно најмногу , почетна аукциска цена е најмалку 10.000 евра годишно за користење на „инфраструктурата“ од државата.

 

По истекот на договорот, целокупната опрема заедно со воздухопловите остануваат во сопственост и владение на Република Македонија.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки