По повод отварањето на летната сезона познатиот француски центар Alpe d’Huez одлучи да ги израдува сите заинтересирани љубители на скијањето и бордот. Викендов на 5-6 јули ќе биде отворен глечерот Sarenne, кој се наоѓа непосредно под врвотPic Blanc 3300м.

До глечерот носи гондола Troncon 1 и 2 како и големата бус гондола Pic Blanc. На самиот глечер во фунцкија се четворосед жичница Glacier и патеките околу неа Glacier и Combe de Sarenne, а доколку дозволат условите ќе биде на располагање и познатата а Combe du Tunnel, која завршува се до почетокот на гондолата Pic Blanc na 2700m.

Работното време ќе биде од 7:30 – 12:30h. Цени на ски карта, дневна за возрасни 25€/40€ цел викенд, за деца до 12 години 20€ / 36€. Во моментов висината не снежната покривка е 150см.
skimacedonia