Venier победник на спустот во Garmisch и дојде до својата прва победа

Venier победник на спустот во Garmisch , Германија дојде до својата прва победа на Светскиот Куп.Нејзината сонародничка Huetter ќе ги пропушти преостанатите трки со повреди на коленото.

Stephanie Venier

Победникот, австријката Stephanie Venier на финишот на спуст трка во Garmisch-Partenkirchen, Германија во Неделата од ФИС Светски Куп започна на 11та стартна позиција. Но австриската скијачка во тесна трка ја совлада олимписката шампионка Sofia Goggia за да го освои првата трка од Светски Куп во спуст во која имаше прекини заради излетувањето во неделата. Venier која започна од 11та стартна позиција, ја искористи предноста со информации за проблемите на претходничките.

На Kandahar патеката скијачката Federica Sosio беше седмата натпреварувачка која излета после скок и беше пренесено хеликоптерски во локалната болница.

Federica Sosio

Од тимот на Италија изјавија дека Sosio скршила нога. Federica Brignone, која исто така излета беше хоспитализирана, но тестовите не покажаа повреда на нејзиното колено и се очекува да настапи престојниот викенд во Словенија.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки