Посветени на развој и инвестиции, со многу труд и желба, властите во Загреб заедно со хрватската скијачка федерација создадоа репрезентативен производ, Snow Queen Trophy, кој им носи милиони евра приходи и се поголема популарност. Дестинација која стана се поинтересна како за големите спонзори така и за бројните туристи. А се почна со организирање трки на “килаво” брдо (Сљеме, 1033 мнв). Тоа не e во некои студени алпски регион туку над Загреб во Хрватска, земја повеќе позната по морето, острови, вина, Панонска низина и не толку високи планини.
Каков резултат направија минатата сезона? Комбиниранoто гледање во живо на машките и женските слаломски трки во 2019 година беше повисок од три трки реализирани во Кицбил и Венген.
По редовен технички преглед на Сљеме, директорите на Светскиот куп во ФИС го изразија своето задоволство од патеката и даваат целосна поддршка за трките во ФИС Светскиот куп до 2022 година.
Сезонава трката на Сљеме ќе се одржи повторно за викендите, што е дополнителна мамка за гледачите во сабота, 4 јануари, 2020 година (женска трка, прва трка, 13 часот, втората трка 16.15 часот) и во недела, 5 јануари 2020 година (машка трка, првиот натпревар 14.15 час, втората трка 17.40 часот). Како и изминатите две години, трките во Сљеме се усогласени со другите ФИС ски-дисциплини, со цел да се добие што повеќе тв покриеност. Според анализата од страна на ФИС за гледаноста на телевизијата, трките на Сљеме од сезоната 2019та постигнале највисока меѓународна гледаност во живо од сите трки на Светскиот куп во ФИС во сезоната 2018/2019. Така, комбинираниот преглед во живо на машкиот и женскиот слаломски трки бил импресивни 26,95 милиони гледачи и бил повисок дури од три трки од Кицбил и Венген “, изјави Ведран Павлек, директор на Организацискиот комитет на ФИС Светски куп на Сљеме.
Маркус Валднер, директор на ФИС трките за мажи, изјави: „Им благодарам на организаторите за големиот успех на годишните трки. Посебна благодарност до Градот Загреб за инвестирањето во подобрувањето на системот за заснежување, што резултираше со редовно одржување на трките и продолжување на ски сезоната. ФИС ја поддржува организацијата на трките на Светскиот куп во ФИС во Загреб, затоа што трките во Сљеме се неизбежни класични трки на Светскиот куп, кои генерираат фантастична гледаност на малите екрани“.
Општинските власти на Градот Загреб се свесени и цврсто стојат зад организацијата на трките на кои се горди и кои се од големо значење за промоција, развојот на туризмот и проширување на туристичката понуда во градот Загреб, каде бројот на туристи значително се зголемува, а многу придонесуваат трките на Сљеме, како и адвентот во самиот центар на Загреб.
„Подобрувањето на системот за снег овозможи не само редовна реализација на трките, туку и продолжување на ски сезоната за граѓаните и ски-клубовите, минатата сезона стартуваше на 18 декември и траеше над стотина дена. Исто така, трката во Сљеме е исклучително важна за нашите скијачи кои постигнаа фантастични резултати. Верувам дека ќе продолжат со врвните резултати и ќе стигнат до светскиот врв во наредните сезони. Исто така, имаме квалитетни млади женски скијачи кои за жал беа повредени минатата сезона, но очекуваме успешен настап во Сљеме следнава сезона“, додаде Ведран Павлек, директор на Организацискиот комитет за трки во ФИС Сљеме .