Ако сакате да фатите несекојдневна глетка, една од добрите снежни опции и ледени пејсажи е Попова Шапка. Тоа ќе ве чини околу 2-2:30 часа пешачење или туринг од ски центарот кон Церипашина, од каде се отвара хоризонтот на исток и можете да го поздравите сонцето при неговото изгревање. Денес таа привилегија да се наполнат со убавина си ја одработија неколкумина турно скијачи и бордери кои од доцна во ноќта искачуваа кон врвот Церипашина на 2500 м.