ПK Македон организира отворена еднодневна акција на Салаковски Езера со врвот Убава 2352 м.н.в. и Остри врв 2340 м.н.в. во недела на 25 октомври 2015.
Турата започнува од с. Патишка река (1243 м.н.в) од каде се одвојува макадам најпрвин кон бачилото, па по гребенот, Остри врв и врвот Убава и е во траење од околу 8 часа (во зависност од спремноста на групата). Во зависност од условите турата може да се изведе до само еден од врвовите и враќање по истиот пат. Турата е средно тешка, но е подолга и бара доволно подготвеност и кондиција. Од опрема задолжително треба да се понесат солидни планинарски обувки, капа, ракавици и јакна/шушкавец, челна ламба/светилка, а од храна лесна храна/овошје и 1,5л течност. По патот ќе се изведуваат и кратки паузи и поголема пауза на езерата во зависност од временските услови.
Поаѓањето е во 6 ч. од паркингот пред Поштата на железничка станица, а враќањето е во вечерните часови. Превозот е организиран со комбиња од Скопје до Патишка река. Бројот на местата се ограничени.
Пријавувањето e задолжително на e-mail или по телефон на kps@makedon.mk или 070 390 540 (Алек) и 075 322 059 (Петар). Рокот за пријавување и уплаќање е најкасно до петок 23 октомври 2015. Доколку не се уплати до одредениот рок, местото се отстапува на други заинтересирани.
Цената за турата е 300 денари.
Турата е отворена и за членови на други планинарски друштва или за ентузијасти или планинари кои не се членови на планинарско друштво.
skimacedonia
