Известување на Домника Пановска за својот матичен клуб ХМКД
Изминатиот викенд претставниците на сноуборд клубот ХМКД имаа најдобри резултати на ФИС меѓународниот натпревар и државното првенство во дисциплина Велеслалом кој беше одржан во Маврово. Сања Спасовска освои две први места на државното првенство исто така и на ФИС натпреварот.


Во конкуренција од повеќе европски држави како Франција, Чешка, Романија и Грција, Александар Кацарски, ХМКД ја потврди својата добра форма и освои прво место на државното првенство и второ место на меѓународниот натпревар ФИС. Со не помал успех и високо цененти позиции, Горјан Кавраков го освои третото место на државното првенство и четврто на натпреварот од ФИС.

Пофалба и благодарност до сите нив за успесите што ги постигнуваат и даваат голем допринос за развојот на зимските спортови во нашата држава преку клубот во кој делуваат. Во текот на овој месец ќе ги бодриме на учествата во бордеркрос трките што следуваат во повеќе држави како бордеркрос трката во Чешка, Грција и Србија за кои очекуваме дека ќе се реализираат.

Домника Пановска – ХМКД