ТИТОВ ВРВ 11-то традиционално зимско искачување

ДПС ТРАНСВЕРЗАЛЕЦ го организира 11-то традиционално зимско искачување на Титов Врв на 20 Декември 2015 год.

Титов Врв уште познат како Голем Турчин или Шар е највисокиот врв на Шар Планина и втор највисок врв во Македонија со височина од 2.747 метри.
Зимското искачување на Титов Врв се организира секоја година традиционално од страна на ДПС Трансверзалец, станува збор за една од најатрактивните зимски патеки во земјата. Маршрутата на искачување започнува од планинарскио дом Смрека и продолжува кон Церипашина (2.531м.), преку врвот Антени/Син врв (2.600 м.) и Бакардан (2.704 м.) се до Титов Врв (2.747м.) во вкупна должина од 11.7 км во еден правец. Пешачењето се одвива по гребен и е во траење од 5 часа во еден правец, или вкупно времетраење во двата правци е околу 10 часа.

Искачувањето започнува од пред планинарскиот дом Смрека на Попова Шапка на 20.12.2015 во 6.30 часот.

Еднодневна акција на 20.12.2015

Поаѓање во 05:00ч на паркингот кај ПТТ (Железничка станица), цена 400ден. Попатни станици /Градежен фак -Хотел Карпош – Сити мол- Цујо во Ѓ.Петров/

Дводневно 19 и 20.12.2015

Поаѓање во 08:00ч на паркингот кај ПТТ (Железничка таница), цена 900 ден, во цената е вклучено ноќевање во планинарскиот дом Смрека и превоз, и по желба искачување до Јелачки Црн Врв во сабота на 19.12.15 каде се пешачи вкупно 4 часа.

Организаторот обезбедува гратис гравче за сите учесници во зимското искачување на Титов Врв во домот Смрека.

Затварање на манифестацијата на 20.12.15 од 18 до 19ч и враќање во Скопје.

Сите учесници во акцијата задолжително треба да располагаат со соодветна планинарска опрема за искачување во зимски услови.
Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност.

Пријавување и уплати најдоцна до 17.12.2015
070/641 998sar planina titov vrv (23)

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки