Да ја испратиме годината како што доликува. Исто како и лани прославата ќе се орджи на Миленков Камен нa 2217мнв. Секој кој ќе дојде е должен со себе да донесе добро расположение нешто за мезе а, ние ќе отвориме црвено винце.
Времето засега ветува многу.
Патеката ќе биде тешка за сите оние кои не биле никаде во изминативе месеци. Искачувањето почнува од селото Патишка Река на 980 мнв преку месноста Бунарче на 1750 мнв каде ја има единствениот извор на вода по патот и, завршува на Миленков Камен 2217 мнв. Пешачењето е предвидено да се одвива од 4.30-5.00 часа . Со совладување на висинска разлика од 1237мнв. Колку Водно x2 со неколку паузи.
Планината Караџица се наоѓа на масивот Јакупица и погледот е врз цела Македонија. Воздухот е вистински не е фејкерски како во Скопје 🙂 . Погоден е за сите кои беа фатени од вирусот деновиве таман да им го подигне имунитетот. Добродојдени се сите уживатели како и оние кои се припадници на било која група или клуб.
Организирано одење – цената на комбе/бус со шофер од Скопје , водич и медицинска нега изнесува 250 ден по човек.
Плаќањето е до сабота до 15:00 часот.
Пријавување за Скопје кај Алекс 070 382 751 ( кај Католичка црква) и Дејан 071 212 808
Поаѓањето е од Пошта 2 на Железничката станица во 05:30 часот
ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ
Психофизичка подготвеност за пешачење во зимски услови, високи разгазени зимски чевли, гамашни, зимска топла облека која заштитува од дожд и ветер, зимски ракавици, капа, планинарски стапчиња. (облекување во слоеви)
НАПОМЕНА: Организаторот и водичот го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
п.с. За жал, нема снег како лани .
п.п.с Нека ни е плодна, среќна и весела новата 2016 година! 🙂
skimacedonia

