Илинденска велосипедска тура која во еден ден ги обединува Охридското Езеро, Преспанското Езеро и Галичица.
Детали за турите
Датум: Четврток, 2 август 2018
Време на пристигнување: 7 ч.
Време на старт на турата: 8 ч.
Место за старт и финиш: Buffalo Beach (плажата за одбојка на песок)
Должина на турата:
1. Тура од 150 км покрај Охридското Езеро, Преспанското Езеро и преку Галичица со вкупно искачување од 2.500 метри
2. Тура од 90 км околу Охридското Езеро со вкупно искачување од околу 1000 метри
Учеството во турите е бесплатно.
Во турата може да учествува секој кој се чувствува подготвен да извози со велосипед во еден ден 150 км, кој располага со исправен велосипед и кој ќе ги почитува советите и инструкциите од страна на водичите на групата. Возењето е по асфалт и изобилува со нагорнини па се препорачува учесниците да бидат во добра физичка подготвеност и со активно возење велосипед во текот на сезоната.
За минувањето на границите е потребно да се носи лична карта или пасош.
Возењето за цело време на турата е во група и е задолжително да се почитува распоредот на паузите кои се неопходни заради должината на турата како и заради високите температури во летниот период.
Секој ја вози турата на сопствена одговорност.
skimacedonia

