TOUR DE GALICICA 2016

12377985_tour de galicica

Следи го настанот

По трет пат Ве покануваме на настанот “TOUR DE GALICICA”. На Вас оставаме да не посетите повторно и оваа година во уште поголем број и да уживате во убавините на Галичица. Велосипедската тура е во должина од 71 км. По падините на Галичица со 35 км офроад пат. Турата е во целост обележана со патокази, информативни табли и кадрони. Ќе уживате во прекрасните пејсажи и погледи на Преспанското и Охридското езеро.
Стартот ќе биде од центарот од Ресен (од кај јаболкото) а завршува на истото место.
Стартниот пакет ќе изнесува 300 денари и ќе се уплаќа на лице место во неделата или во саботата за тие што ќе кампуваат,
Почетокот на стартот е во 09.00 часот на 19 јуни, а саботата ќе има забавен дел и кампување на отворено со поглед на Преспанско езеро во Отешево во “Lakeview”.
Се надеваме на добра дружба и многу забава.
Еве линк од целата тура што ќе се вози: http://www.bikemap.net/en/route/2947774-tur-de-galichitsa/
Сите учесници настапуваат на сопствен ризик.
Со стартување учесниците се согласуваат дека организаторот не одговара за постапките на учесниците кон самите себе ниту кон другите учесници.
Забрането учество на малолетни лица, освен во присуство на родител или старател.
Опрема: за учество неопходно е носење на заштитна кацига и технички исправен планински велосипед.
Телефон за контакт: Кристијан 078/254443, Дејан 075282207

 

turdegalicica

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки