Топлото време низ Европа ги одложува повеќепати најавените отварања на некои ски центри посебно во Италија, Франција, па и во нашиот регион. Без поголема бучност алпските ски центрите стартуваат со делумна работа особено во повисоките зони на некои алпски региони над 2000 метри.

Италијанскиот дел од алпите и ски центрите кои лежат на таа страна мака мачат со неповолните услови и температурите над нулата со што се оневожможува работењето на топовите за снег. Најавениот снег и заладување и не ги исполни очекувањата, па центрите ги одложуваат отварањата.
Во регионот македонските центри најавија отварање од средината на декември или пак се до оној момент додека не падне сериозен снег, затоа што топови или нема или се наоѓаат во средини како Крушево или Пониква кои периодов исто така држат висока температура. Кај нас слаб снег има само во повисоките региони на Кораб, Шар Планина, ски центарот Попова Шапка во делот на Церипашина и во другите планински региони во зоната над 2000-2200м.

Слично со најави е и во Банско и Боровец во Бугарија, но и таму температурите се неповолни барем сега за сега. Српски Копаоник најави старт на 1 декември но ладниот бран кој се очекуваше баш и не создаде услови за планираната работа на топовите за снег, освен потоп и леден дожд во други региони на Србија.


skimacedonia