Титов Врв – ВРВ СО НАЈДОЛГА ИСТОРИЈА…

Уште со преименувањето на највисокиот врв на Шара од Турчин во Титов Врв во 1953 година, а подоцна и со изградба на кулата на самиот врв, членовите на П.К. „Љуботен“ по повод Денот на младоста, организираат искачувања на овој врв, но на интерно и локално ниво. Така е се до 1980 година кога поради смртта на Ј. Б. Тито се прекинуваат сите манифестации организирани за Денот на младоста. Тогашната управа на друштвото одлучува да го организира првиот Меморијален поход на Титов Врв.
Таа година, поточно на 25 Мај, по доста непогодни услови, голем ветер и снег, а сето тоа проследено со ниски температури, 104 планинари од 35 планинарски друштва на СФРЈ се искачуваат на висина од 2747 метри, на најависокиот врв на Шар Планина, Титов Врв, со што му оддават почит на дотогашниот претседател и со желбите за мир и за понатамошно ширење на братството и единството се согласуваат овој меморијал да се организира и понатаму секоја година на државно ниво.

Titov Vrv Pk Ljuboten (3)

Желбите се остварија, 800 планинари од повеќе планинарски друштва на СФРЈ пристигнуваат во Тетово на Попова Шапка – Шар Планина да го искачат Титов Врв, да уживаат во убавините на планината, да запознаат голем број на планинари, да пеат и да се радуваат на средбите.

Со текот на годините меморијалниот поход на Титов Врв организиран од страна на планинарскиот клуб „Љуботен“ станува се поактуелен, помасовен и доста посетуван. Со оваа манифестација клубот стана препознатлив не само на балканските простори туку и на пошироките простори од Европа. За илустрација, во 1985 година на Попова Шапка беа присутни 1200, а 1000 учесници се искачија на самиот врв, додека пак во1986 на Попова Шапка дојдоа 1250 планинари.

Titov Vrv Pk Ljuboten (2)

Во почетокот планинарите се движеле по старата вакуфска патека која продолжувала до Карабунар, од каде се искачувале кон Титов Врв. Во 1985 година искачувањето е организирано по церипашинската патека. Следните години повторно по вакуфската патека, но одбегнувајќи ги Казани, за последните 15 години да се движат по вакуфската патека која продолжува до Казани и се искачува до кота 2400.

Во почетокот на деведесеттите бројот на учесниците на походот се намамалува поради познатите збиднувања во Југославија. Во овој период, поточно со осамостојувањето на Македонија, походот од меморијален преминува во традиционален. На 27-28 Мај 2006 година, се одбележа 25-то традиционално искачување на Титов Врв. Учество зедоа планинари од повеќе европски земји, а на самиот врв се искачија 500 учесници.

Titov Vrv Pk Ljuboten

2007 и 2008 година манифестацијата почна да го враќа стариот сјајот. Голем придонес за тоа имаа членовите на клубот и помогателите, а посебно ТТК-Банка Скопје. Бројот на посетители стануваше се поголем со што во 2008 ја достигна највисоката бројка на искачени планинари во последните 15 години, 700 учесници стапнаа на врвот на Шар Планина.

Огромен број на планинари од голем број на планинарски друштва доѓаат за да се искачат на Титов Врв. Планинари од 7 до 77 години, по секакви временски услови, газат по големите тревни површини, по распрсканите енцијанери и љубичици, по острите планински сипари и по ладните шарски глечери. Сите тие со една мисла и желба за љубов, мир и среќни мигови.

Приклучи се на 35то традиционално искачување Титов Врв 2016

Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово

tradicionalno 35 titov vrv ljuboten

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки