THE LOST WINTER новите предизвици на зимскиот туризам

Зимите стануваат пократки, ски центрите низ светот стартуваат со работа подоцна и ја затвораат сезоната порано. Да не ги коментираме нашите ски центри кои и онака се потпираат исклучиво на природата.

Климатските промени не се само проблем за уживателите во омилениот спорт секоја зима, туку имаат и длабоко влијание врз луѓето, туризмот и сите гранки кои се поврзани со зимските спортови и целата таа индустрија. Загубите во овие сектори се зголемуваат и се потешко се менаџираат ваквите комплексни услови.

Предизвиците за успешно менаџирање со туризмот во нашите ски центри се прилично големи, додека го пишуваме и овој текст ситуацијата е далеку од добра, во Лазарополе е околу 8°C врне дожд, на Попова Шапка сред јануари до 2000 метри врне исто така дожд!

Ова е новата реалност која изминативе години се повеќе доминира, не земајќи ги во предвид блиц епизодите каде што не знаеме ни што да правиме со снегот, но тоа е кратко и секако недоволно. Монденските ски центри низ алпите при недостиг на снег сред сезона ги активираат услугите кои вообичаено ги нудат во летните периоди од годината како би ги задоволиле туристите и нивните очекувања за позитивен одмор.

Дури и фамозните снежни топови не се некое магично решение доколку имаме во јануари температури како во април, но секако тие се неизбежен декор во годините кои надоаѓаат ако нашите ски центри сакаат да имаат какви такви ски сезони што би трале подолго, во спротива остануваат само корзо турите низ природата, семинари и викенд дремење.

Во прилог свеж едукативен документарец “Изгубената зима” во кои професионалци во зоната на зимските спортови и туризмот го споделуваат своето мислење и нивната загриженост на оваа тема.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки