Откако репрезентативниот професионален тест возач на Fuji велосипедите, германецот Енди Шустер, одлучи да снима и вози низ Македонија со својот Fuji Auric, некои луѓе зачудено го прашуваа:
“МТБ видео во Македонија? Ти си надвор од твојот ум!”
“Што ќе правиш во таква земја? Тоа е премногу опасно и нема што да се види.”
Еве неколку извадоци од извештајот на Енди за патувањето кое го реализираше пред неколку месеци:
“Изнаоѓањето на забавни патеки навистина не е некаков предизвик, имајќи го во предвид фактот дека 80 проценти од Македонија се планини и ридови. Тоа е видливо во секој поглед што ќе го направите. Патем, не е необично што на патот при искачување до врвот (Водно) може да бидете опкружени со мистичен звук на некое минаре, кое ве воведува во културата на муслиманското религиозно малцинство во земјата.
“Македонија не остави без зборови, дури и полицијата беше насмеана, мавтајќи ни, додека Енди возеше по ѕидовите низ градот. Сакам да им се заблагодарам и да ги пофалам граѓаните на Македонија, за нивната голема гостопримливост и неверојатно пријателство со кое тие не третира за време на нашето патување. ”
Fala (Thank You) Macedonia!
