Овој викенд 25 – 26 април, Бистра ви стои на располагање. Ски лифтовите ќе бидат во функција, за сите оние кои сакаат да се дружат со планината, пејсажите и чистиот воздух!
повеќе »Tag Archives: скијање
ВЕЛИГДЕНСКА СОЛО СКИ ТУРА -ТИТОВ ВРВ-БАКАРДАН
Идеата за оваа тура ја добив кога случајно проверив временска прогноза за Велигденскиот викенд за Шар планинскиот масив. Иако се спремав да одам малку подлабоко во западна Македонија, не можев да одолеам на солидните услови кои ги најавуваше временската прогноза. Првичниот план ми беше да скијам 3 врва над 2700 м.н.в. во еден ден, по редослед од Антени -Карабунар -Бакардан …
повеќе »ПРВОМАЈСКО СКИЈАЊЕ ВО МАВРОВО
Ски центарот Маврово организира првомајски излет, скара, музика во живо и свечено затворање на оваа ски сезона за паметење со луда Pond Skimming забава на Галичко Бачило. Ски картата ќе биде само 350 денари, а скијање ќе има на галичките ски лифтови. Ски центарот ќе организира награди за најдобрите и најуникатни подвизи во сезоната. За првомајскиот викенд хотел Бистра обезбедува …
повеќе »Ски лифтовите ќе работа на Попова Шапка
Овој викенд, 18-19 април, ски центарот на Попова Шапка ќе биде оперативен. Условите за скијање се карактеристични за овој период од годината. Се препорачува користење на заштитна крема за лице и наочари за заштита од високите ув зраци на сонцето.
повеќе »Ски центарот во Маврово работно и овој викенд
За сите оние кои сакаат да го “конзумираат” снегот на Бистра ќе можат тоа да го прават викендот на 18-19 април. Снег има доволно!
повеќе »Една поинаква Македонија – Попова Шапка низ очите на австриски ски авантуристи
Робер Милески кој не следи на нашата фан страница, сподели со нас супер видео направено од неговите пријатели, австриски туристи кои беа на зимски туризам во Македонија на Попова Шапка. Ова е дополнителен доказ дека Македонија е врвна freeride дестинација, со посебен акцент на Шар Планина и ски центарот Попова Шапка. Инаку во неколку наврати Попова Шапка е ставена во топ …
повеќе »Попова Шапка ќе работи за Велигденските празници
Ски центарот Попова Шапка ќе работи од четврток 9 април до понеделник 13 април. Важно да се напомене за сите заинтересирани утре и во среда ски центарот нема да работи!
повеќе »Центарот на Копанки нема да работи деновиве
Работните денови до петок ски центарот Копанки нема да работи, а доколку условите се поволни ќе функционира викендот на 11 и 12 април.
повеќе »За Велигден повторен старт на лифтовите во Маврово
Заради поволните услови на Бистра како и заради зголемениот интерес, ски центарот Заре Лазаревски одлучи за повторен старт на ски лифтовите. Скијање ќе има од петок 10 април до понеделник 13 април. На Маврово има нови 30на см снег!
повеќе »Копанки ќе работи викендов
Во текот на ноќта и утринава на Копанки снегот освежи со нови 5-10 см. Утре и во Недела ќе работат лифтовите во центарот, а доколу сакате возбуда плус на Ловечка куќа SSNL, SF-freeride и ПСК Димитар Илиевски Мурато организираат дводневно дружење.
повеќе »
skimacedonia