ПСД Макпетрол организира планинарска акција од с. Рибница до водопадот на Длабока Река. Датум: 21.06.2015 (недела) Време на поаѓање: 6 ч. од железничка станица Превоз: Зависно од групата и желбите на пријавените кандидати може да се организира превоз со комбе кој би чинел 600-700 ден. зависно од бројот на учесници или сопствен превоз. 13 ч. пристигнување кај водопадот 19 ч. пристигнување …
повеќе »Tag Archives: Кораб
Работилница ооо на Кораб за првиот ден на пролетта
Сезоната 2012/13 прв пат добив идеа дека би требало некогаш да одам на Кораб. Подвигот не би бил мал, но гледајќи ја планината сигурно би бил многу исполнувачки. Тогаш турно и freeride сцената уште беше млада и малкубројните луѓе кои се движат во оваа сцена во тој период уште се развиваа и надградуваа, се возевме блиску, најчесто на Попова Шапка …
повеќе »Работилница ооо – Кораб Freeride
ПД Трансверзалец маркира на Кораб во делот на Длабока река
Викендов планинари од ПД Трансверзалец работеа на расчистување на планинарските патеки, нивно маркирање и означување со патокази кои водат до водопадите на Длабока река на Кораб. Поточно на релација с. Рибница – Попова Ливада – Длабока река.
повеќе »Мавровска тура
“Мавровска тура” 12 Октомври. Должина на патеката, околу 53 км пропратена со одлични пејсажи по течението на Радика, Кораб и селата кои гравитираат кон тој крај. Собирно место, Спортски Центар- Борис Трајковски Скопје, 7 часот. Рута: Маврово – Стрезимир – Бродец – Кракорница – Богдево – Врбен – Маврово = 53 км http://www.bikemap.net/en/route/2736078-mavrovskava-demek-tura/#/z12/41.73007,20.7142/terrain
повеќе »На кровот на Македонија – Голем Кораб
По повод Денот на осамостојувањето на Република Македонија, 8-ми Септември, Планинарскиот клуб Кораб и оваа година, како организатор, со задоволство Ве поканува да учествувате во, 23-тo по ред, традиционална меѓународна планинарска акција ИСКАЧУВАЊЕ НА ГОЛЕМ КОРАБ. Акцијата ќе се реализира на 07 септември 2014 год. (недела).Како и предходните години, и оваа година ПК Кораб, за сите учесници, обезбедува автобуски превоз …
повеќе »Средба со моќниот Кораб
Корабски водопади, Рибничка скала, Кабаш, Гури куј, 7-8 јуни 2014 Месец јуни. Летото би требало да е започнато, иако календарски сè уште пролет. Период од годината кога на планините снегот веќе би требало да е истопен или да се топи. Кога потоците и рекичките се полни со вода. Кога од секаде тече, извира, кога е се мокро, кога сѐ се …
повеќе »Заврши ски сезоната на Маврово
Како што не известија одговорните од Ски центарот Заре Лазаревски , од денес и официјално ски сезоната 2013-2014 на Маврово е завршена. Деновиве се очекува слаб снег кој секако можете да го искористите за турно скијање низ Бистра, отворен и исчистен е патот за село Галичник така да и пристапот до планината е полесен. Инаку изминатава сезона е една од …
повеќе »Снежните дини под Меденица
Врв Меденица 2136 мнв, Бистра, 20 март 2014 Избегнувајќи го трендот да се оди на планина за викенд, во сред недела тргнуваме кон Бистра. Целта начелно беше да видиме каква е ситуацијата, како стои со снег, дали има доволно за последно скијање сезонава , дали би можеле да пристапиме до Галичник или Лазарополе и (секако) да ја посетиме највисоката точка …
повеќе »Пробиен Галички пат
Деновиве е пробиен и исчистен патот за село Галичник. Мала критична точка долга околу 10-15 метри е месноста Царевец која за обично (лесно) возило е тешка за минување. Заради големиот снежен навев кој на места го има и до 2 метри има заледен дел и подлабоки бразди од теренски возила, на кој обичните возила можат да заглават. Патот е генерално сув, а деновиве заради …
повеќе »
skimacedonia