Зимскиот амбиент со кратки топли пролетни епизоди генерално се уште доминира на планините. Следните 2-3 дена, нестабилно време, заладување со слаб до умерен ветар, снег и температури околу 0°C. Зимската опрема за планинарење е задолжителна во зоните над 1700м. Следете во живо Webcams Karadzica backcountry skiing | 09 April 2017
повеќе »Tag Archives: информации за снег
Ски центарот Маврово ги стопира лифтовите
Од утре 22 март 2017, нема да работат ни Галички и Белички лифт, топлото време забрзано го стопи снегот на конекторите и жолтиот лифт, како и на рамниот дел околу Галичко бачило, пристапот станува отежнат, па лифтовите се стопирани.
повеќе »Лифтовите во Маврово ќе работат и во текот на работната недела
За сите што се интересираат, работат Галички и Белички лифт, заедно со конекторите и ќе бидат оперативни и во текот на работната недела, а во функција се и бачилата за храна и пијалоци. Уживајте во белината и сонцето на Бистра. Цена на ски карта е 500 денари. Фото викенд, 18 март 2017
повеќе »Пелистер деновиве рај за турно и фрирајд
Пелистер деновиве рај за турно и фрирајд, лифтовите на Копанки и во Нижо Поле не работат, но горе над 2000 метри се шушка дека се одвива вистинска драма 🙂 видео во најава https://vimeo.com/209010603
повеќе »Маврово ски амбиент 18 март 2017
Додека му ја мислите и анализирате дали има, колку има, каде, што има, зошто и како… Денес, 18 марта 2017 н
повеќе »Искористете позитивен снежен амбиент на Маврово
Изминативе денови, горните ски патеки се освежени со 10-15 см снег, температурите се околу нулата, а квалитетот на патеките е добар. Работат, конекторите и Галички и Белички лифт, таму има над 50 см снег. Цената на ски карта е 500 денари, искористете и уживајте во белината. Фото 13.03.2017
повеќе »Бистра Маврово – ски извештај 28 02 17
Од 1 март 2017, картите во Маврово се по цена од 500 денари, нема полудневни, студентски и слично. Ќе работата горните лифтови (Галички, Жолт и сврзниот), искористете го времето, крем, наочари за сонце и уживајте во хоризонтите и чистиот кислород. Снегот е пролетен, на пладне кашест, кој рано рани ќе фати добар снег или тоа што остана од него. Бистра, …
повеќе »Мартовско скијање на Бистра за 500 денари
Од денес 1 март 2017, картите во Маврово се по цена од 500 денари, нема полудневни, студентски и слично. Ќе работата горните лифтови, искористете го времето, крем, наочари за сонце и уживајте во хоризонтите и чистиот кислород. Снегот е пролетен, на пладне кашест, кој рано рани ќе фати добар снег или тоа што остана од него. Фото терени 26.02.2017 и
повеќе »Ски состојба Маврово
Викенд ски извештај – Маврово
Викендот не беше идеален од снежен аспект, дожд доле, свеж снег горе, температури во плус. Но генерално нема лоши услови, освен недостаток на амбиција за уживање на планина.
повеќе »
skimacedonia