Tag Archives: информации за снег

Скијањето на Шапка се интензивира, снегот го има се повеќе

received_1621763291217955 Popova Sapka Shar planina freeride skijanje

Иако ги има малку на број, фрирајд скијачите и бордерите се веќе активни низ Шар Планина. Барем оние кои практикуваат турно скијање уште од месец октомври се насладуваат со снежните убавини на планината, но како се приближуваат зимските месеци, така и снежната граница се спушта подолу до ски центарот, па турното искачување станува попристапно и полесно. На Попова Шапка викендов …

повеќе »

Пелистер живее ледена доба

IMG_20171206_vrv pelister

Периодот од годината кога Пелистер ја живее својата “ледена доба”. Температурите се често во минус дури и кога сончевите зраци греат под полна снага. Денес на врвот на 2601 м, температурите до -10°C. Планинарскиот дом Широка, сместен под врвот на 2000 м е оперативен скоро секој викенд и е супер можност да ја почувствувате природата на Пелистер во вистински зимски режим …

повеќе »

После многу дожд на Шар Планина денес добар снег

received_19993580Popova Sapka - Bakardan - Titov Vrv

Деновиве интензивниот дожд само во високите зони над 2200 метри остави добар слој на снег. Сликите се од денес, Шар Планина. Снежната граница е над 2000м, а во горните делови има околу 50на см снег фото Дарко Вулович, 18.11.2017 год.

повеќе »

Алпите под студена опсада, бранот доаѓа кај нас

23270473_Stubai Gletscher, Tyrol, Austria

Од денес Македонија под нов влажен и студен бран, заладувањето ќе донесе повеќе снег кој ќе го има на планините над 1300 метри, а бранот врнежи и нестабилно време ќе трае до следната недела. Изминатите два дена овој бран ги забели центрите на алпите и придонесе за добар старт на планираните отварања кои беа закажани за втората половина од месец ноември. …

повеќе »

Снежен амбиент во регионот

Screenshot_20171024-135511~2

Снегот ги забели повеќето ски центри низ регионот со 20-30 см белина. Иако е рано за нивно отварање, посебно кај нас, вратите за малку фрирајд се отворени низ високите зони на Шара во делот на Брезовица. Колашин Брезовица Копаоник Боровец

повеќе »

Кога го имаш Тихи Океан да те нахрани со снег

2017-10-16-at-11.37.13-AM-1 snow report

Деновие сателитските снимки на НАСА уловија 8000 км долга атмосферска река која се протега од Кина до бреговите на Британска Колумбија во Северна Америка. Некои локални метеоролози изјавуваат дека повеќе од 48 години додека ги следеле сите овие метеоролошки појави не виделе вака масивна “атмосферска река” која се очекува добро да ги наполни и оснежи ски центрите во таа зона. Според …

повеќе »

Снегот на Попова Шапка ги помеша датумите

192.168.178.126_01_20171007074701_TIMING

Да, веројатно не изненади сите висината на која се спушти снегот, но северно западните планински региони над 1500 метри се под снег. Подолу на линкот може да следите во живо дел од камерите, наскоро во функција сите линкови. Webcams

повеќе »

Студен викенд снегот дел од амбиентот

192.168.1.126_01_20170526084200362_TIMING popova sapka webcam

Повторно забелеа планинските региони над 2000 метри , викендот претежно облачен, со висока влажност на воздухот. Врнежи со помал интензитет во текот на целиот викенд. Доколку планирате да бидете во друштво со природата задолжително носете со себе планинарски чевли, кабаница и топла облека. Дневна температура на висина до 1800м околу 10°C. Во зоните над 2500 м од 0°C  до 4°C. …

повеќе »

Метео информации за следните два дена

snod_058

Приказ на акумулиран снег за следните 2-3 дена. Во регионите на Кораб и Шар Планина, во зони над 1800м се очекува до 40 см нов снег. Ветар: умерен до засилен со променлив правец, четврток југ-југозапад, петок север со умерен интензитет, сабота слаб ветар од северен правец. Дневни температури низ ски регионите на север- северозапад до -5°C, на југот околу 0°C Напомена: …

повеќе »
Оди на лентата со алатки