Несекојдневно искуство на нашата најдобра алпинистка и скијач кој практикува скијање на егзотични дестинации. Минатиот викенд, поточно во петокот на 17 март, Илина Арсова реализираше несекоjдневна авантура скијајќи на планината вулкан Етна, во моменти на негова ерупција. Очекуваме повеќе детали и нејзин извештај од оваа Спилберг авантура.
повеќе »Tag Archives: Илина Арсова
Ски туринг Јабланица врв Парумба
Тмурното време и “верните облаци” над Горна Белица, не ни дадоа многу моменти за уживање во хоризонтот кон Охридско езеро и околните врвови на Јабланица. Сепак кога станува збор за тури од овој калибар, каде потењето стартува во првите минути, а за возврат се компензира со спуштање низ доловите на врвот Парумба 2040м, задоволството секогаш надминува 100 проценти. На околу …
повеќе »Вино и телемарк рEVOлуција
Февруари месец, освен по виното и денот на вљубените, почнавме да го паметиме и по телемарк скијањето во Македонија. Оваа година како и вообичаено започнавме на падините на Бистра со теренска обука на ски центарот Заре Лазаерски. Телемарк скијањето како интересн и елегантен начин на скијање всуштност влече корени уште од древните цивилизации во северните земји, кои скиите ги користеле …
повеќе »Телемарк рEVOлуција на Бистра
И оваа зима eдна од најстарите форми на скијање во светот благодарение на Илина Арсова и невладината организација „ТАКТ“ можеше да се види низ падините на Бистра и мавровијата. Телемарк скијањето е техника која што комбинира елементи од алпското и нордиското скијање. Дисциплината го добива името од местото од каде што потекнува, Телемарк во Норвешка и се смета за една …
повеќе »Записи од искачувањето на Мера Пик 6476м, Хималајски масив, Непал Илина Арсова и Филип Василески
Записи од искачувањето на Мера Пик 6476м, Хималајски масив, Непал Илина Арсова и Филип Василески – први Македонци на овој врв, 07-25 Ноември 2015 Во катастрофалниот земјотрес на 25 Април и 5 Мај 2015 беа уништени многу планински села и загубени илјадници животи. Многу ми е жал што мои пријатели и познаници ги загубиле своите животи, сепак драго ми беше да …
повеќе »Илина најави и реализираше телемарк скијање од Мера Пик на Хималаи
Илина Арсова го реализираше тоа што ни го најави неодамна, желбата да скија телемарк на рекордна висина од 6500 метри на хималајскиот врв Мера Пик висок 6476 метри во Непал. Денес таа објави дека успешно го искачи врвот за околу 5 часа заедно со Филип Четкар. Целиот обид траел 12 дена со вклучена аклиматизација, без помош на водичи.
повеќе »Запознавање на Иран од поинаков агол – Илина Арсова
Пет жени од од неколку земји (Македонија, Франција, Швајцарија, Русија) меѓу нив и алпинистката Илина Арсова, за меѓународниот ден на жената 8-ми март реализираа посета на една стара земја и стара култура, фасцинантниот Иран. Целта на посетата беше нивно запознавање со дотогаш за нив непозната снежна “сестра” Мона, сноубордерка од Иран и споделување на искуствата со неа. Како и одблизу да се запознаат …
повеќе »Алпинистката Илина Арсова со скии на Кавказ
Македонската алпинистка Илина Арсова која минатата година го освои Монт Еверест деновиве е на Кавказ во нови подвизи кон врвот Елбрус, притоа не се пропушта можноста да се искористи снегот за слободно скијање и телемарк на 5600 метри.
повеќе »
skimacedonia