Тмурното време и “верните облаци” над Горна Белица, не ни дадоа многу моменти за уживање во хоризонтот кон Охридско езеро и околните врвови на Јабланица. Сепак кога станува збор за тури од овој калибар, каде потењето стартува во првите минути, а за возврат се компензира со спуштање низ доловите на врвот Парумба 2040м, задоволството секогаш надминува 100 проценти.
На околу 1900 метри од врвот постојат извор на кој му се припишуваат лековити својства и мало црквиче посветено на Св.Троица. Од искони на Парумба народот доаѓал, и не престанал да доаѓа. Парумба е влашки назив, а значи Гулабица.