Од снег и снежен ролеркостер никогаш доста, видеата се нижат, а допрва има материјали за објава. Ние не планираме да се одјавиме со студените пејсажи. Последно е повторно од Шара, еден пролетен фрирајд ден спакуван во добра реклама за планината. Ескимо Фрирајд, Вертиго тимот и мал дел од нашата ски екипа.
повеќе »Tag Archives: Шар Планина
Шара деновиве снимена од авион
Интересен пролетен преглед на Шара снимено деновиве на 4 април. https://www.facebook.com/ivan.nikolovski.1420/videos/10156558835965559/
повеќе »Фрирајд патрола со Scardus cat-ski операторот
Од оваа сезона на Попова Шапка ќе функционира уште еден cat-ski оператор. Понудата и изборот ќе се зголеми во корист на скијачите и бордерите, кои бараат авантуристички понуди и дестинации. Новата авантуристичка понуда е под капата на Scardus Hotel & Spa, во блиска координација со засебна специјализирана единица, Shar Outdoors. Шар Планина е сериозна конкурентна дестинација за авантуристичкиот туризам посебно …
повеќе »Дивината на Шара викендов преку тура на Трансверзалец
Малку свежи пејсажи од задниот двор на Шар Планина. Интересни фотографии на Игор Јанковски направени изминатиов викенд при организирана тура од страна на ПД Трансверзалец, зимско искачување на врвот Плат , 2398 метри, 07.01.2018. Повеќе фотографии од турата овде фото Игор Јанковски
повеќе »Скијањето на Шапка се интензивира, снегот го има се повеќе
Иако ги има малку на број, фрирајд скијачите и бордерите се веќе активни низ Шар Планина. Барем оние кои практикуваат турно скијање уште од месец октомври се насладуваат со снежните убавини на планината, но како се приближуваат зимските месеци, така и снежната граница се спушта подолу до ски центарот, па турното искачување станува попристапно и полесно. На Попова Шапка викендов …
повеќе »После многу дожд на Шар Планина денес добар снег
Деновиве интензивниот дожд само во високите зони над 2200 метри остави добар слој на снег. Сликите се од денес, Шар Планина. Снежната граница е над 2000м, а во горните делови има околу 50на см снег фото Дарко Вулович, 18.11.2017 год.
повеќе »Шар Планина – Canon freeride
Покрај илјадниците ски клипови, овој краток филм изработен по иницијатива на Милорад Саздовски, можеби е првиот краток македонски документарен филм за фрирајд скијањето овде на овие простори. Адреналинот, пејсажите, дивината, енергијата и возењата кои не се опишуваат се мотивите за овој краток филм снимен низ дивите предели на Шар Планина и живот поврзан со таа голема планина. Меѓу целата оваа …
повеќе »Есенска патрола – врв Плат Шар Планина
Прекрасно есенско опкружување на Шара, Лешница, Плат, област која прелива од пејсажи на кои не може да им се изнагледате. Видео: Димитар Тодоровски, искачување на врвот Плат, Шар Планина, 29.10.17
повеќе »Регулирањето на Шара како Национален парк
Регулирањето на Шара како Национален парк би го формализирало нејзиниот статус како заедничко добро. Тоа ќе иницира процес на освестување и разбирање на природниот ресурс, неговата важност, како и важноста на одржливото и хуманото управување со него. Во Македонија постојат три национални паркови : Маврово, Галичица и Пелистер, а од 60те па до сега нема ништо ново на ова поле. …
повеќе »Зошто чепнавте во интимата на Шар Планина???
Јован Божиновски e претседател на ПК Љуботен и дел од неформалната група на здруженија “Пријатели на Шара” чија цел е Шар Планина да стане национален парк. Покрај појавувањето во традиционалните медиуми, дополнително ја запраша јавноста и оние кои се директно одговорни за тоа што и се случува на планината деновиве. “Пред 22 години (1995) прв пат бев на Лешница. Пред …
повеќе »
skimacedonia