Атлантис нуди хотели за скијање во Банско најблизу до барања на публиката

ski centar bansko bulgaria todorka planina pirin vihren

Банско e високо рангирана атрактивна дестинација за скијање и уживање во планинските пејсажи, шопинг и after забавите. Австриската скијачка легенда Марио Мaт ја отвори ски сезоната и беше специјален гостин на церемонијата.

Сопствениците на сезонски карти имаат разни бенефити, а новитет е можноста да скијате слободно во ексклузивниот Вербиер, Швајцарија. Соработката меѓу Банско и Вербиер започна годинава. Дневна карта чини околу 65 лева (33 евра). За англичаните останува една од најпрофитабилните ски дестинации според онлајн платформата „Post Office“ подготвена во партнерство со еден од водечките британски тур-оператори, Crystal Ski Holiday, каде за своите потрошени фунти добиваат најмногу комфор, храна и квалитетно сместување.ski centar bansko bulgaria todorka planina pirin vihren (2)

ТА АтлантиС*  селектира и нуди хотели кои се најблизу до барања на скијачката публика од Македонија.

Најинтересната понуда која ја објави Атлантис е Grand Hotel Bansko 4*ѕезди хотелски комплекс лоциран на почеток на градот, на 5 минути возење од гондолите. Сместување со висок комфор, топол амбиент, лоби бар, ресторан, голем фитнес спа центар со затворен и отворен базен и казино. Спа зоната е со признанија за една од најдобрите, располага со простории за масажа, 4 различни сауни, топли кади, спа бања, турска бања, просторија за релаксација каде се нудат здрави и релаксирачки третмани. Фитнес-центарот е простран и располага со современа спортска опрема. Затворен и отворен базен, базен за деца. Хотелот располага со детско игралиште, професионални аниматори и гејминг клуб. Ресторанот сервира широк спектар на вкусна локална и интернационална храна за доручек и вечера, вклучувајќи, веган и вегатаријански избор.  Во рамките на хотелот имате можност да купите ски карти, резервирате ски опрема, ски инструктор, планинарски водич и да користите бесплатен шатл бус до гондолите. Јави се и побарај атрактивна цена.

grand hotel bansko4 atlantiSmk
Grand Hotel Bansko 4*

Casa Karina е лоциран во подножјето на Пирин на стотина метри од жичарата и гондолата. Од апартманите има прекрасен поглед на планините Пирин и Рила. Хотелот располага со кафе бар и елегантно уреден ресторан со капацитет до 140 гости. Хотелот Casa Karina од своите СПА услуги нуди базен, финска сауна, парна бања, хамам, разновидни масажи и третмани. Бањарките се со доплата. Деца до 5 години можат да ја користат игротеката со присуство на родител. Во лоби барот е обезбеден бесплатен интернет. На гостите им е на располагање паркинг во околината на објектот. Јави се и побарај атрактивна цена.

casa karina hotel bansko atlantiSmk skijanje

Ores Boutique Hotel 5* ѕвезди сместен во непосредна близина на гондолата која води до ски патеките. Нов хотел кој својата премиера ќе ја има на почетокот на декември. Можете да уживате во комплетно нов ентериер чии комфорни соби располагаат со природни материјали и други услужни удопства кои ги нудат ваквите хотели. Отворена тераса, базен со топла вода со соли од мртвото море, ресторан , 24 часа функционална рецепција и room сервис, ски депо, изнајмување возило се само дел од услугите кои ги имате на располагање. Јави се и побарај атрактивна цена.

*ТА Атлантис е А лиценцирана туристичка агенција со скоро 25 години искуство во туризам и туристички услуги, постојана членка на IATA и Стопанска комора за туризам на Македонија, активен член на асоцијации и здруженија поврзани со туристичката дејност. Побарајте ги низ повеќето регионални филијали

информирајте се на: +389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333

atlantiS mk Strumica turisticka agencija

ores boutique hotel bansko 5 star agencija atlantiS mk
Ores Boutique Hotel 5*

 

banner_atlantiSmk2020-new-update28122019

 

 

fischer_sportbike_banner

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки