Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал (32) триумфално се врати со победата во спуст и супер велеслалом во Лејк Луиз, Канада. Паузата која ја имаше од минатата сезона заради повредата не ги намали неговите перформанси па славеше пред Петар Фил од Италија, додека трет беше Тревис Генгонг од САД за време на спустот, а следниот ден и во супер велеслалом пред Матијас Маер и Петар Фил.
На спустот покрај тоа што имаше мали пропусти во горниот дел од патеката, норвежанецот сепак победи што е петти негов успех во кариерата во Лејк Луиз.
“По грешката што беше поголема отколку што треба, помислив дека губам” изјави Свиндал.
https://www.youtube.com/watch?v=ifrwj0Ik3w0
Кај женските во Аспен, САД, Американката Михаела Шифрин победи пред домашна публика – во двете возења оствари вкупно време од 1:39.81 минути. Три секунди и седум стотинки пред второпласираната Вероника Зузулова од Словачка, а третото место Фрида Хансдотер од Шведска. Ова е највисока предност на една скијачка во слалом при што Шифрин го надмина досегашниот рекорд што од 1968 година го држеше Французинката Флоранс Штојер, а изнесуваше точно три секунди.
На втората трка американката Шифрин исто водеше и имаше големо водство и беше само неколку врати до својата прва победа на домашен терен во втората велеслаломска трка од Светскиот куп за жени, но падна пред самиот финиш и ѝ го отстапи првото место на Лара Гут.
Лара Гут ја реализираше 13. победа на Светскиот куп со вкупно време во двете трки од 2 минути, 2,51 секунди, победувајќи пред Австријката Ева-Марија Брем со предност од 10 ститинки и 34 стоти делови од секундата пред Федерика Брињоне на Италија.
https://www.youtube.com/watch?v=MxUYM6G7r8c
skimacedonia