Денес стартува Светскиот шампионат во алпско скијање, кое се одржува во швајцарскиот монденски центар Сент Мориц, а ќе трае до 18 февруари. Меѓу 589 натпреварувачи од 76 земји се е и македонската алпска скијачка репрезентација со 7 натпреварувачи. Шест во машка и една во женска конкуренција, а меѓу нив се Антонио Ристевски (слалом и велеслалом), Лука Божиновски (слалом и велеслалом), Дардан Дехари (слалом), Воислав Синадиновски (слалом), Марјан Нашоку (велеслалом), Виктор Петров (велеслалом) и единствената девојка, Лидија Симјановска, која ќе се натпреварува во слалом и велеслалом. Алпската скијачка репрезентација во Сент Мориц ќе биде предводена од искусниот Иван Лесевски.
skimacedonia

