Светски Фрирајд Фестивал Tailgate Alaska

1front

Сноуборд Фрирајд Шампионат 2015

Настан закажан за 4ти април 2015 година за време на десетдневниот World Freeride Festival: Tailgate Alaska (Април 3–12, 2015) на која ќе присуствуваат повеќе од 500 фрирајдери од сите страни на светот.

Марк Суливан основач на овој настан изјавува дека настанот како формат еволуира и во оценувањето и во локациите преку испорака на ново искуство кревајќи ги границите на фрирајд настаните. Но едно нешто не се промени, луѓето сакаат да знаат кој е најдобар.

Директорот на натпреварот Расмус Остергард нагласува дека секој кој верува во своите можности и вештини може да се пријави и да се соочи со најдобрите.World Freeride Championship ги кани сите сноубордери да ја искористат шансата, да го земат мечот во свои раце и да споделат награда од 10.000 долари.

За сите заинтересирани, регистрацијата започна на 1 декември 2014 и треба да се регистрирате или подетално да се информирате на www.worldfreeridefestival.com  до 15 март 2015 година.

Практични информации:

– Датум: Април 5-6, 2015

– Локација: Thompson Pass  Valdez, Alaska

– Награден износ: 10,000 УСД *

– Собир: 3 април 2015 18:00 Tailgate Alaska

– Церемонијата награда: 6 Април 2015 година 09:00 Локација TBA

– Натпреварот е само за сноуборд ! Нема скијање.

– Натпреварот е отворен за мажи и жени на возраст од 18 и повеќе години.

– Учесниците ќе мора да носат ранец со сонда и лопата, сигналнизацијата е задолжителна.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки