Федерација на планинарски спортови на Македонија и Град Скопје
Планинарски настан
Светски ден на планината – Матка 2014
ПРОГРАМА: 14 декември 2014 год. СРЦ Матка
Опција 1
Планинарска патека: Скопје – Водно – Матка (5 часа пешачење)
07.00 ч. Стартно место: ОУ Кочо Рацин (Обезбедени водачи на планина)
Опција 2
Планинарска патека: Матка / Манастир Св. Богородица – Св. Спас – Св. Недела – Св. Андреа (3 часа пешачење)
09:30 ч. Стартно место: Манастир Св. Богородица, Матка (Обезбедени водачи на планина) или опција кон манастир Св. Никола Шишевски
Опција 3
Посета на пештерата „Врело“ со чамец (времетраење 1 час)
11.30 ч. (број ограничен и зависи од временските услови)
Опција 4
Матка – уникатна средба со културното наследство, прошетка од Св. Богородица – Св. Андреа (времетраење 1 час)
11.00 ч. (број ограничен и зависи од временските услови)
Официјален дел од програмата
13:30 – 14.30 ч. Планинарски дом Матка, свечен собир и доделување нанагради и признанија(Св. Андреа)
Гостите на настанот ќе можат да се освежат со планинарски чај во текот на целиот настан.
14.00 – 15.00 ч. Окрепување со планинарско гравче, колбас, … , добро расположение и дружење.
15.30 ч. Довидување идната година
Напомена:
– Потребна опрема за еднодневно зимско планинарење и движење во природа
– Задолжително пријавување кај организаторот (листа со име и презиме на членовите учесници, ВО ПРИЛОГ).
– Aвтобус на ЈСП (бесплатетен, во организација на ФПСМ):
09.00 ч. Стартно место,Транспортен центар -Нова железничка станица, Центар – рекорд, Капиштец – Треска, Влае, Сарај се до Матка.
15.30 ч. Матка – Транспортен центар -Нова железничка станица.
Федерација на планинарски спортови на Македонија
Почитувани, сите кои се заинтересирани за да се приклучат на обележувањето на Денот на планината- планинарска акција Водно Матка, Ве молам да се пријавите тука со целосно име и презиме за да пријавиме точна бројка кај организаторот. Стартот на планинарската акција е во недела на 14.12.2014 година во 07-00 часот од пред училиштето Кочо Рацин на ул. Водњанска. Патеката е со должина од 18.8 км и се пешачи 4.30-5 часа. Секој кој е заинтересиран и кој ке се пријави потребно е да се движи во колоната која ке биде со обезбедени водичи и да ги почитува нивните правила и инструкции, исто така секој учесник потребно е да поседува соодветни планинарски чевли и облека која заштитува од ветер и дожд. По завршување на планинарската акција од страна на организаторот ( само за оние кои ке бидат навремено пријавени ) е обезбеден планинарски ручек, гравче со колбаси и планинарски чај. Ве очекуваме. Поздрав!
ул.11 Октомври 42 а,
1000 Скопје, Македонија
тел/факс 02 31 65 540
e-mail: contact@fpsm.org.mk
www.fpsm.org.mk
skimacedonia
