Што ќе се преземе за оштетената Half Dome насока?

3-July-1025-Half-Dome-rockfall-overview

Како што беше објавено претходно оваа недела, клучен дел од Стандардната северозападна насока на Халф Дом се сруши од страната во долината. Паѓањето на карпата се верува дека се случило во текот на ноќта на 2-3 јули за време или по големата бура во Долината Јосемити. Овој инцидент, во сегашната состојба ја направи насоката воопшто некачлива (или барем незаштитена). Ова го отвора прашањето што треба да се преземе следно?

Според Националниот парк Јосемити, ниту Стандардната северозападна насока, ниту која било друг насока на Халф Дом не се затворени за качување. Сепак, веб-сајтот за качување Yosemite Climbing предупредува дека постои висок степен на сомневање за потенцијални лабави делови на карпата. На 7 јули, четири дена по инцидентот, ренџерот Брендон Латам ги искачи првите девет должини на оваа насока и потврди дека карпата паднала 100-200 стапки кон десно од првите 10 должини, оставајќи го тој дел во голем дел неоштетен. Сепак, тој потврди дека полицата на крајот на единаесеттата должина ја нема заедно со целата дванаесетта должина. – “Тоа беше тажно да се види”, додава Latham, “ова беше една од моите омилени насоки на сите времиња”. Тој смета дека сепак на ова место ќе треба да се додадат дополнителни клинови за заштита за да се поврзат точките.

Долгогодишниот Јосемити алпинист Клинт Каминс по анализата на фотографиите од местото на лавината шпекулира дека два или три нови клинови би можеле да бидат потребни за да се стигне до сидриштето на должината 11 и уште 5-7 нови клинови може да бидат потребни за да се спојат 5.11/C1 аголот кој формира една варијација на должината 12 и ова може да се смета како продолжување на дијагоналната скала на Робинс Траверсата подолу.

Но, прашањето е кој ќе ги воспостави повторно должините на оваа насока, која првпат е искачена во 1957 година и е еден од најпознатите и најпопуларните big-wall качувања во светот? Тоа нема да биде службата на Националниот парк и паркот нема план да ја обнови насоката официјално, потврдува Latham, но постојат муабети во долината за тоа кој ќе го прави тоа. Сепак во моментов, повеќето качувачи не сакаат да се искачат нагоре поради опасност од повторна лавина.

Ренџерите предупредуваат дека постои закана од потенцијалните лабави карпи кој се идентификувани на крајот на должината 11 и на дното на должината 13, доколку сепак некој се обиде да ја качува. Условите над 13тата должина се непознати. Препорачливо е качувачите и планинарите да преземат дополнителна претпазливост во основата на Халф Дом и да не се задржуваат во областа каде се остатоците од срушената карпа во основата на Стандардната северозападна насока.

3-July-2015-Half-Dome-rockfall-before-after

Можна алтернатива на Стандардната северозападна насока е Директната северозападна страна, која започнува кон десно. Иако е значително потешка (5.10 C2 + наспроти 5,9 C1), директната насока е веројатно неоштетена од инцидентот. Сè уште не е јасно каде може да се најде нова слободна варијација на исчезнатите делови на регуларната насока и дали новопојавените фаќалишта и лушпи во оваа област ќе бидат потенцијално опасни да се користат.

Геолог на Јосемити Грег Сток проценува дека 800 кубни метри камен паднал од ѕидот за време на инцидентот. Парчето гранит се проценува дека бил 1 до 3 метри дебел и висок најмалку 60 метри.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки