Шар Планина да се прогласи за заштитена зона

Со цел во голема мера да се намали безмилосното искористување на ресурсите и уништување на природата од многу аспекти, потребно е Шар Планина по итна постапка да се прогласи за национален парк.

Иницијативата е стара веќе една деценија. Но досега  ништо не  е превземено од институциите  во рамки на законски регулативи. Изготвено се само неколку студии, околу придобивките и постапката за заштита на планината.

Shar planina Leshnica Plat

Планинарските друштва и туристи кои гравитираат околу овој регион, велат дека на Шара нема никаква контрола, секој прави што сака и дека нејзините природни богатства полека исчезнуваат.

За заштита на овој регион, потребно е во најскоро време Шар Планина да се прогласи за национален парк. Упатените од општината и шумската полиција, велат  дека Шар Планина може да се заштити, само како Национален парк и во тој случај би постоеле реонски чувари, кои 24 часа би ја контролирале заштитената зона од незаконски дејствија.

Kobilici shar planina (11)

Министерството за животна средина, треба да изработи студија за валоризација на вредностите на Шар Планина, која е основ за прогласување на ова подрачје за заштитено. Студијата ќе ги дефинира границите на Националниот парк, управувањето, користењето, вредноста на биодиверзитетот и слично.

Доколку Шар Планина се прогласи за Национален парк, Македонија би добила четири заштитени подрачја кои покриваат 12 % од нејзината вкупна територија.

За skimacedonia

Еден коментар

  1. 12часот и 05 минути за да се прогласи НАЦИОНАЛИОТ ПАРК ШАРПЛАНИНА… – но никогаш не е доцна.
    Дополнително, прогласувањето за НАЦИОНАЛЕН ПАРК ШАРПЛАНИНА е услов за да започне уште еден поширок межурегионален проект “ ПРЕКУГРАНИЧНА ЗАШТИТЕНА ЗОНА ШАРПЛАНИНА, КОРАБ ДЕШАТ“ , (МКД, КОС, АЛБ) предложен од УНЕП (UN Enviromental Program) и подготвен технчки и финансиски од ГЕФ… СЕ ЧЕКА НА НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ШАРПЛАНИНА… другите делови се веќе национални паркови (ШАРА од Косово, КОРАБ (од МКД и АЛБ, и ДЕШАТ од МКД и АЛБ)…….

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки