Stenje Outdoor Festival – Шана – Мана под Галичица

stenje outdoor festival

Дводневен настан со разни спортови во природа – trail running, climbing, biking, пливање, можеби триатлонче.

Домаќини : Prespa Bike и НП Галичица, со учество на општина Ресен, TREX, СКК Екстрем и други клубови од Македонија.

Сместување покрај плажата во Стење – кај кафичот на плажа или друго место што ќе ни го обезбеди домаќинот. Ќе има обезбедено тоалети.

Сабота – трка trail running Стење – Коњско – Стење 17 km, 540 m D+, старт 15:30
Вечерта журка – неколку бендови
Храна за тој ден се снаоѓате сами – ќе може да се купи риба (печена, пржана) од локалните производители.
Во недела од 9 до 13 часот ќе има организирано отворен ден за качвање по карпи – ќе има поставено јажиња на неколку насоки со различна тежина и кој сака ќе може да проба – кој има патики за качување, појас, кацига нека си понесе – за оние кои немаат ќе дава СКК Екстрен како и инструктори и осигурување.

Некои детали ќе се дефинираат подоцна – за другите активности
Ќе има организирано одење на планина – веројатно до Магаро, возење со велосипеди исто така на Галичица, можно е да има некој триатлон настан – преговорите се во тек.

Во недела ќе има ручек од организаторите.

Превоз со свои возила, а ако има заинтересирани од Скопје може да организираме и комбе.

Пријавување за планинското трчање кај Трајче – punk@makpetrol.co.mk
со следните податоци :
– Име и Презиме, датум на раѓање, клуб – да се назначи ако сакате да дојдете со комбе.

Ги молиме учесниците да ја чуваат и почитуваат природата и да не палат огнови. Отпадот да си го собираат и на крај да го однесат во контејнери.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки