“Старците” oд Скандинавија и шампионот од Австрија покажаа дека играта на годините е сменета

“Старците” oд Скандинавија и шампионот од Австрија покажаа дека играта на годините е сменета

Алпското скијање порано беше дисциплина на младите каде играта ја предводеа помлади скијачи, но на изминатата Олимпијада се покажа спротивното, кога во две дисциплини доминираа двајца скијачи од Скандинавија на возраст по 35 години.

STREIF_Aksel Lund Svindal_Training_Copyright_Planet Watch001
Aksel Lund Svindal

Норвежанецот Aksel Lund Svindal кој освои злато во машкиот спуст и швеѓанецот Andre Myhrer кој го освои слаломот со искуството кое преовладеа во напната атмосфера.

И двајцата со претходно Олимписко искуство и тоа Myhrer со освоена бронза во Ванкувер пред осум години во слалом, а Svindal со освоено злато во super-G, сребро во спуст и бронза во велеслалом.

Фактот дека никој до сега не ја одбранил титулата во слалом или спуст на едни Олимписки игри доволно покажува колку спортот е конкурентен односно дека немало шампион кој преовладал низ неколку Олимписки циклуси.

Напредокот во медицината дозволува скијачите како Svindal да пребродат повеќекратни повреди и операции и да се вратат повторно во игра на највисоко ниво, за разлика од порано кога една повреда значела и потенцијален крај на кариерата.

Мислам дека за на Олимпијада добро е да имаш рутина,” изјави Myhrer за новинарите. “ова ми беше четврта Олимпијада, а тоа што бев трети во Vancouver, ми дојде добро искуство.”

Svindal стана најстариот маж кој освоил златен медал во Алпско скијање, но поминал низ многу болка додека ја постигна својата цел. “Сега сфаќам дека годините не се важни,” “Од последните Игри наваму немав ни една сезона без повреда. Ова е прв пат да скијам во февруари последните пет години, секоја друга година во февруари бев во болница.” вели Svindal.

Marcel Hirscher 00105
Marcel Hirscher

Австриецот Marcel Hirscher, кој ја освојува титулата од Светскиот Куп последните шест години и ги започна игрите без Олимписко злато со 28 години, сепак конечно го скрши ледот и дојде до златен медал во велеслалом и комбинацијата со неверојатното чисто возење низ капиите.

И за еден друг 27 годишен Австриец – Matthias Mayer не излезе воопшто лошо, кој освои медал на Олимпијадата во super-G како надополнување на златото во спуст од Sochi, земајќи предвид дека е повратник со само четири освоени трки во Светскиот Куп.

Да биде сето ова само потврдено, викендов на трките од Светскиот куп во Крањска Гора, Словенија и со победата во слалом, токму Marcel Hirscher ја освои неговата 7ма и рекордна титула во Светскиот Куп.

Со неверојатната седма титула за ред и викендов како и до сега ни покажа стабилност , силина и константност како ретко кој пред него. Со освојување на слаломот стигнува до 17ти кристален глобус во кариерата (го брка и Stenmark) а вкупно 57ма победа.

Своевремено ова ќе беше и крајот на една кариера но веќе нема да не изненади да се врати на возраст од 32 и да брка злато во неговата омилена дисциплина – слаломот.

Норвежанецот Kristofferson (24 години) е втор во генералниот пласман, во една силна сезона со 14 подиума и победа во Kitzbuehel за кого веруваме наредната година ќе му биде многу посериозна конкуренција на веќе легендарниот Hirscher.

 

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки