Спортски ден во Охрид на 1 август.
Летен Прв до врв на нова локација, за сите оние што сакаат да спортуваат и рекреираат во најпосакуваната македонска летна дестинација.
Програма:
– Трка во трчање BEACH RUN во должина од 5 км долж брегот на езерото. Официјалното пријавување за трката ќе биде објавено во понеделник и пријавувањето ќе трае до 27 јули. Секој пријавен учесник ќе добие стартен број, маичка и вода за време на трката. Котизацијата за учество изнесува 200 денари и треба да се плати најдоцна до 27 јули (online плаќање и уплатница). Подигнувањето на стартните пакети ќе биде на денот на трката. Стартот на трката е од плажата Бафало кај терените за одбојка на песок, се трча до плажата Парк, па до пристаништето во центарот на Охрид, па назад до целта на Buffalo Beach.
– Велосипедска тура TOUR DE LAKE околу целото езеро во должина од 90 км, со минување на границата во Албанија. Турата е под водство и во коорганизација на Macedonian Bike Riders.
– Планинарење и возење велосипеди на зајдисонце до селото Велестово
– Играње одбојка на песок кај Beachvolleyball Macedonia
– Забава на зајдисонце за крај на летниот спортски ден во Охрид
За сите оние на кои им е потребен превоз од Скопје до Охрид, организираме автобуси кои ќе тргнат во сабота на 1 август рано наутро, а ќе се вратат по завршувањето на сите активности на настанот. Цената за превозот изнесува 500 денари за повратен билет плус доплата од 100 денари за оние кои сакаат превоз и за велосипед. Пријавувањето и плаќањето за превозот ќе започне од понеделник и ќе се реализира по електронски пат. Обезбедено место ќе имаат само навремените пријави со уплата. Бројот на автобуси ќе се определи според интересот и навременото пријавување.
skimacedonia