Спас за Кожуф – Нашиот став е не!

17629638_gevgelija kozuf

Нека не ни ги заслепува мислите сјајот на златото и желбата за брзо богатење. Планината Кожуф е вистинско богатство ако знаеме да ја користиме на еден правилен и еколошки одржлив начин. Лековити билки, бројни шумски плодови , шумите и богатство на питка изворска и минерална вода можат да станат заборав.  Рудниците за злато само можат да донесат класична капиталистичко-корпоративна експлотација на регионот во кој  Кожуф и Гевгелија,  нема да видат поголем бенефит.

Во време кога чистите територии, еко и алтернативниот туризам стануваат вистински златни дестинации, да не дозволуваме рудниците за златото да ни го поматат умот.

Вистински рудник треба да бидат реновирањето на сите запуштени туристички одморалишта, инвестиции во нови туристички капацитети и туристички сервиси.

Во прилог споделуваме една актуелна новинарска сторија

17834343_kozuf gevgelija

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки