Во моментов при генерална оскудација со снег, ски центарот во Маврово ги нуди најидеалните услови за скијање, функционираат сите лифтови од горната станица на двоседот до Белички лифт. Стазите под двоседот и едноседот не се препорачливи за скијање. Утре времето ќе биде сончево, со слаб ветер, а покрај убавото време, функционираат бачилата и околните ресторани во населбата.
Денес беше реализиран Алпскиот куп во Велеслалом СКАДИ 2016 на кој учествуваат голем број деца од ски клубови од Скопје, Тетово, Битола, а дел од овој настан беше и тимот од македонската репрезентација во Алпско скијање, нашиот најдобар скијач Антонио Ристевски заедно со македонскиот репрезентативен тренер Иван Лесевски.



skimacedonia